Студентите на Факултетот за музичка уметност–Скопје имаат подготвено атрактивна програма составена од ремек делата на класичниот музички репертоар. Тие првпат тие ќе настапат во големата сала на новата зграда на Македонската филхармонија.

Симфонискиот оркестар и хорот „Драган Шуплевски“ под диригентската палка на Сашо Татарчевски ќе изведат значајни дела од великаните на музичката уметност: Увертирата за операта „Сицилијански вечери“ од Џузепе Верди, прочуената Симфонија бр. 8 „Недовршена“ од Франц Шуберт и брилијантните „Половецки танци“ од операта „Кнез Игор“ од Александар Бородин.

Факултетот за музичка уметност - Скопје е јавна високообразовна установа во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје која преку својата високообразовна дејност директно влијае врз развојот на македонската култура и уметност. Почнувајќи од 1966 година оваа институција, покрај високообразвоната, врши и научно-истражувачка, уметничка и применувачка дејност од областа на музичката уметност. Факултетот денес има пет катедри, но и студиски програми за постдипломски студии. Во текот на изминативе години од Факултетот за музичка уметност излегле над 2.000 дипломирани студенти, над 400 магистранти и дваесетина докторанти.

Почетокот на концертот е во 20 часот и влезот е слободен. 

Датум на објава: среда, 06 декември 2017 во 09:54
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 09:54

коментари

остави коментар