Таа е уапсена после смртта на Салваторе Тото Рине, озогласениот “кум“ на сицилијанската мафија.

Марија Анџела ди Трапани, ќерка на мафијашки бос кој умрел во бегство, веќе има поминато седум години во затвор бидејќи пренесувала наредби од сопругот Салвино Мадиона, криминалец, осуден на доживотен затвор поради убиството во 1991 година на бизнисменот Либеро Грасија, борец против мафијата.

Ди Трапани после излегувањето од затвор во 2015 година, осомничена е дека ја променила улогата: Од пренесувач на пораки станала наредбодавач.

Италијанските медиуми пренесуваат дека после смртта на Тото Рине, таа е прогласена за “шефица“ задолжена за реорганизација на „Коза ностра“.

Тото Рино, со прекар Ѕвер – поради својата суровост, умрел на 17 ноември на 87 години. Бил на чело на „Коза ностра“ до апсењето во Палермо 1993 година, после повеќе од 20 години потрага.

Осуден е на 26 години затвор поради нарачување на повеќе од 150 убиства.

Во Италија постојат четири организирани криминални групи.

„Н’дрангета се смета за најсилна и најсурова, а останатите се сицилијанската „Коза ностра“, неаполската „Камора“ и „Сакра корона унита“ од Апулија.

Датум на објава: вторник, 05 декември 2017 во 22:18
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар