Претседателтот на Палестина предупредил дека таквата одлука ќе има опасни последици за мировниот процес, за безбедноста и стабилноста на регионот.

Од палестинското претседателство не соопштија дали Трамп му кажал на Абас кога ќе биде преместена амбасадата. Според медиумите, Трамп денес ќе има телефонски разговор и со лидерите на Израел и Јордан за прашањето за преместувањето на амбасдата, како и за намерата да го признае Ерусалим за главен град на Израел.

Израел го освои источен Ерусалим во Шестдневната војна во 1967 година и подоцна го анектираше. Тој потег никогаш не го призна меѓународната заедница.

Палестинците имаат намера во тој дел од Ерусалим, да прогласат главен град на независна Палестина.

Датум на објава: вторник, 05 декември 2017 во 21:37
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар