Виножито кое траело скоро цели девет часа. 

Студентите и професорите од Универзитето за кинеска култура во Тајпеј во Тајван имале  можност да видат виножито кое траело рекордни девет часа.
Посматрањето и анализата на фотографиите и видеата покажало дека виножитото траело од 06 -57 до 15-55 часот , или вкупно 8 часа и 58 минути.

Овие податоци зборуваат дека станува збор за најдолготрајното виножито кое некогаш е забележано, претходно најдолготрајното виножито е забележано во Јоркшир во Англија на 14 март 1994 година , кое траело шест часа, е наведено во Гинисовата книга на рекорди. 

Датум на објава: вторник, 05 декември 2017 во 10:20
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:50

коментари

остави коментар