На минус 56 степени Целзиусови, стотици жители присуствуваа на традиционалната манифестација на приложување подароци за господарот на студот, наречен Чишкхан, кого многумина го доживуваат како локален Дедо Мраз.

Според легендата, тој пред секоја зима излегува од под замрзнатиот Арктик и ако неговите рогови се долги, тоа значи дека мештаните ги очекува екстремно студена зима.

Селото Ојмјакон се смета за најстудено на светот, а рекордот бил измерен во 1993-тата кога биле измерени 67 степени под нулата.   

Датум на објава: вторник, 05 декември 2017 во 08:55
Гоце Герасимовски

коментари

остави коментар