Главната канцеларија на милијардерката Елена Батурина е во луксузниот дел на Лондон , Мејфејр . Таа е воедно соптвеник и на истоимениот хотел , но не само во Британија . Нејзините хотели , познати по раскош , се и во Русија , Чешка , Австрија и Ирска.  54 – годишната Батурина  за да стигне до богатството од над една милијарда , вложува и во градежништвото и во други области .

За разлика од своите сонародници , таа засега им одолеала на скапите автомобили , како Ферари , на супејахти или познати фудбалски тимови .

Единствениот луксуз на Батурина се нејзините куќи . Живее во Москва, Лондон , во Шпанија и Австрија , а има и фарма на 5 500 хектари во Хемпшир , Британија .

Не сака многу да зборува за своето минато , освен дека потекнува од сиромашно семејство со детство во Советскиот сојуз .

Датум на објава: понеделник, 04 декември 2017 во 21:22
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар