Руските медиуми објавуваат дека календарот во 2018 година на кој шро е прикажан претседателот Владимир Путин во разни пози  "се распродал  за неколку часа", кога беше ставен на продажба во Британија .

Рускиот весник Известија пишува  дека календарите на Владимир Путин се " на мода"меѓу Британците .
"Нема повеќе календари, сите беа откупени за само неколку часа".

Про-Кремљ веб-сајтот Riafan.ru дополнува  дека календарот "предизвикал  голема возбуда кај локалните жители".

Од друга страна , Британските медиуми , кои стапиле во контакт со најголемите продавачи на календари , тврдат дека нема никаков особен интерес за календарот на кој Путин тренира џудо , лови или вози мотор.

Датум на објава: понеделник, 04 декември 2017 во 20:23
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 08:33

коментари

остави коментар