Потегот за суспендирање на Левин, кој се смета за најголем диригент на Америка, доаѓа на  ден откако еден американски весник откри детали за полициската истрага во 2016 година.

Оттогаш уште двајца мажи излегоа со слични извештаи, обвинувајќи го Левин за сексуално малтретирање од 1960-тите до 1980-тите, кога биле тинејџери.
Вчера вечер Метрополитен  објави дека назначил адвокат за истражување на тврдењата и го суспендирал диригентот во очекување на исходот од истрагата.

"Левин нема да биде вклучен во било какви активности на Метрополитен , вклучувајќи и  диригирање на  закажани изведби за  оваа сезона", се вели во соопштението на Операта.

Наводната жртва на Левин тврди дека првпат бил нападнат во 1985 година, кога имал само 15 години.

Левин, за да продолжи сексуално да го злоупотребува момчето , му напишал препорака за на колеџ , по што продолжил со злоупотребата до 1993 година.
Вчера , "Њујорк тајмс" објави обвинувања од двајца други мажи кои го обвинуваат Левин за сексуално малтретирање.

Во саботата попладне, на ден пред суспензијата Левин диригираше со  изведбата на Вердивиот "Реквием", кој беше емитуван на радио низ целиот свет. Од Метрополитен операта велат дека диригентот ги негирал обвинувањата .

Датум на објава: понеделник, 04 декември 2017 во 19:00
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар