Дрвениот под на Колосеумот повторно ќе стане сцена , a песокот кој пред две илјади години бил натопен со крв , ќе го прекријат љубителите на Стинг и на Боно од У2 . Токму овие музичари ќе го отворат Колосеумот за обичната публика и за рок концерти . Ќе бидат поставени и посебни светлосни и звучни ефекти .

,, Сакам Колосеумот да си ја врати својата оригинална функција , да биде место посетувано од обичните луѓе , место каде Римјаните ќе гледаат спектакли , да се шетаат низ него како што тоа се правело во времето на императорите . Би било извонредно Стинг и Боно да имаат концерт . Сакам место што е живо , енергично , а не само музеј што го посетуваат туристите еднаш во животот “ , изјави новата директорка за Италијанските медиуми.

И претходно , но само во одредени прилики имало концерти на Колосеумот . Последниот се одржа во септември , кога во хуманитарни цели настапија оперскиот пејач Андреја Бочели, Елтон Џон и Стивен Тајлер од Аеросмит . Претходно , во 2003 настапил Пол Макартни пред само 400 фанови на хуманитарен настан .

Годишно Римскито Колосеум го посетуваат по 6 милиони туристи

Неодамна со донација од италијанската компанија за чевли ,,Tod’s” од 25 милиони евра беше изчистена надворешноста на објектот . 

Датум на објава: понеделник, 04 декември 2017 во 18:06
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар