Како што најави НГМ, дискусиите ќе постават прашања за значењето на уметничката колекција, односот помеѓу традицијата и современоста, како го вреднуваме квалитетот и според кои критериуми е тој разгледуван во изминатите 70 години...

- Двата настана се конципирани во форма на видео интервјуа водени врз основа на прашања кои понатаму се поставуваат како основи за разговори, коментари и анализи меѓу учесниците и публиката во форма на јавна дискусија. Идејата е преку претходно снимени интервјуа кои се поставени на интернет и достапни за сите, да се направи дискусија. Тоа подразбира дека по одредена временска дистанца која би дозволила внимателно и потемелно разгледување на видеата т.е. на искуствата и размислувањата на поканетите гости да се отвори дебата за публиката, соопшти НГМ.

На првата дискусија утревечер ќе учествуваат поранешни директори на оваа институција, како и актуелната директорка Дита Старова-Ќерими.

На втората дискусија, закажана за 12 декември  ќе учествуваат повеќе историчари на уметноста, уметници, теоретичари и куратори. /МИА

коментари

остави коментар