За да може да ги покрие медицинските трошоци, работела, не барајќи помош од никого. Сепак, среќата и тропнала на врата кога се одлучила да се проба во игрите на среќа.

На лото добила џекпот во износ од 1.5 милиони долари. Парите ќе ги искористи да ја отплати хипотеката, да се погрижи за себе и своите двајца синови и да го плати лекувањето. Дел од парите се одлучи да им ги подари на лицата кои исто така боледуваат од рак, на кои помошта им е неопходна.

„Сега можам да го поведам семејството со себе, не морам повеќе да бидам сама, што е многу важно“ – изјави Бишоп која после добивката се пензионирала.

„Сега можам да се грижам за себе и да поминам време со моите синови и семејството“ – додала таа.

„Ова е единствената хемотерапија која досега ми помогна. Некои од туморите се смалија. Го добив тоа што го сакам. Можам да умрам среќна, но се уште не е време за тоа“ – истакнува Дајана.

Датум на објава: недела, 03 декември 2017 во 15:33
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 15:34

коментари

остави коментар