Двете ученички во гимназијата „Јосип Броз Тито“, цртаат од својата шеста година, а најголема инспирација им се спортистите. Интересно е што и двете сестри тренираат фудбал.

Оттука за нив е најинтересно да ги цртаат спортистите од светски најпознатите клубови, македонските фудбалери, но и ракометарите од македонската репрезентација.

Цртаат исклучиво со молив, но нивните цртежи се толку успешни, што веќе станаа барани меѓу спортистите кои пак за возврат на младите сликарки им подаруваат дресови.

Теона и Тијана се надеваат дека по завршувањето на средното образование преку стипендирање ќе можат да завршат и ликовна академија.

 

Датум на објава: недела, 03 декември 2017 во 13:47
Анета Шијакова
Обновено во: 13:50

коментари

остави коментар