Постариот брат на Меси, Матијас, наводно на полицијата и рекол дека се исекол, но сепак немал дозвола за поседување на пиштол. После апсењето е пренесен во болница поради скршена вилица и други повреди, кои тврди дека ги добил во несреќа на вода, пренесува „Дејли Меил“.

Како што изјавил, се повредил кога со чамецот удрил во песочен брег додека возел долж реката Панама.

Меѓутоа, полицијата пронашла и пиштол на кој имало “многу крв“, изјавил обвинителот и наредил негово апсење.

Локалните медиуми пишуваат дека би можел да добие затворска казна од шест месеци доколку биде прогласен за виновен.

Оваа не е прв пат Матијас да се соочува со законот поради носење на оружје. Претходно беше поврзуван со криминалци, а во 2015 година помина 16 часа во затвор кога полиција пронајде пиштол во неговиот автомобил. Уапсен е и во 2008 година бидејќи наводно носел репетиран пиштол на појасот.

Неговиот адвокат, Игнасио Карбоне, изјави дека семејството на Меси ги оспорува тврдењата на полицијата за пронајдениот пиштол во чамецот. Меѓутоа, обвинителот Хозе Луис Катерина за медиумите изјави дека пиштолот не бил подметнат на бродот на братот на ѕвездата на Барселона.



Полициската истрага утврдила дека “пиштлот бил спремен за пукање“ и имаш шест куршуми во шаржерот.

Матијас исто така има во досието и обвинение за напад на полиција, а претходно му било наложено да се тргне од алкохолот. Во текот на 2016 година се појавуваше на фотографии со криминалци кои и се добро познати на полицијата. Во април 2011 година преживеа обид за атентат кога било пукано врз него додека јавал коњ.

И другиот брат на Меси, Родриго обвинет е за поседување на пиштол, како и за напад на велосипедист во Шпанија кој го обвинил “дека возел премногу блиску до неговиот автомобил“.


Датум на објава: недела, 03 декември 2017 во 10:10
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 10:12

коментари

остави коментар