Како солист на концертот ќе настапи реномираниот гитарист Горан Кривокапиќ и ќе бидат изведени свитата „Слики од изложбата“ од М. Мусоргски, Концертот за гитара и оркестар „Аранхуез“ од Х. Родриго и „Танци од Галанта“ од З. Кодај.

Претходно, во Амбасадата на Црна Гора во Скопје ќе биде потпишан Меморандум за соработка меѓу оркестарот на Македонската филхармонија и Црногорскиот симфониски оркестар.

Црногорскиот симфониски оркестар прв пат настапил на 14 декември во 2007 година во Цетиње. /МИА

Датум на објава: недела, 03 декември 2017 во 08:57
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар