„Дозволија конзерванси насекаде, ги бомбардираат малите деца, но им смета гирото“

„Значи ќе почнеме да јадеме гиро кришум и нелегално во подрумите и во сокриени локали? Ни го забрануваат гирото? Ваква Европа сакаме?“ – се дел од коментарите.

Ќебапот и гирото во Грција се под контрола на Европскиот парламент, каде се наоѓаат и пратеници на Европската комисија за фосфати во брзата храна ширум Европа.

Сега гирото и ќебапот се наоѓаат под голем ризик да бидат забранети во Грција, што претставува вистински хорор за Грците, и не само за нив туку и за останатите љубители на оваа храна.

Европскиот парламент покрена забелешки на предлогот на Европската комисија да дозволи користење фосфати, вклучувајќи фосфорна киселина, ди и три фосфати и полуфосфати во месото на гирото и ќебапот.

До овој потег дошло поради загриженост во текот на научниот преглед во 2012 година за можната поврзаност меѓу фосфатите кои се користат како адитиви за храната и болестите на срцето – но сите докази досега беа неусогласени.

Правилата на ЕУ обично забрануваат употреба на фосфатни адитиви во подготовката на месото, во кое се користат за заштита на вкусот и спречување на сушење на местото, но постојат одредени исклучоци.

Гирото и ќебапот сега ќе мораат да го почекаат гласањето, кое ќе се одржи меѓу 11 и 14 декември во Стразбур, за да дознаат дали нивното омилено јадење и понатаму ќе може да се служи во сендвичите со истата текстура и вкус како досега, пренесува порталот Грција. инфо.

Датум на објава: сабота, 02 декември 2017 во 16:58
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар