Американската актерка Меган Маркл повеќе нема да глуми во популарната телевизиска серија „Suits“, со која се прослави, а тоа беше очекувано пред да стане свршеница на британскиот принц Хари.

Продуцентот на „Suits“ Арон Корш, во интервју за Радио 4’s изјави дека тој, како и цела екипа, знаеле уште пред една година дека односот меѓу нивната ѕвезда и принцот Хари зема замав.

„Некако донесовме одлука и не прашувајќи ја што планира таа… Одлучивме работите да не ги ставаме на коцка бидејќи двојката е заљубена и тоа ќе успее“, вели творецот на Suits.

Така одлучиле дека Меган ја напушта серијата по седмата сезона.

„Многу е полесно да планираме како ќе се случи тоа, отколку деталите да ги оставиме за крај, а потоа да се изненадиме. А единствен начин да се ослободите од таква актерка е да напишете во сценариото дека ја удрил автобус, или нешто такво‘, вели Корш.

Само еден ден по најавената веридба на принцот Хари и Меган Маркл, USA Network соопшти дека актерката заминува од серијата.

Сепак, Меган Маркл ни покрај се не престанува да ја шокира јавноста. Имено, црнката глумица е во центар на скандал затоа што нејзина еротска снимка заврши на порно сајт.

Не станува збор за приватна снимка туку врели сцени од Меган додека глумела во „Suits“. Дел од јавноста во Велика Британија смета дека е недопустливо идната кралска снаа да има такви снимки.

Сцената од секс на PornHub ја поставија фанови на серијата „Suits“, која ја прослави Меган. Снимката е прегледана повеќе од 200.000 пати, а подоцна се појави и на Јутуб.

Датум на објава: сабота, 02 декември 2017 во 11:34
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:02

коментари

остави коментар