Обидувајќи се да ја имитира емисијата „Forged in Fire” на каналот History, во рамките на која учесниците се натпреваруваат во изградбата на различни видови на ладно оружје, Џон Гомес во метално буре запалил оган, кој брзо излегол од контрола.

„Често им објаснуваме на луѓето дека не дозволуваме палење на оган на отворен простор, а тие потоа изјавуваат ‘Па што лошо може да се случи?’“ – изјави градоначалникот Шон Морс за медиумите.

„Еве што би можело да се случи. Овој пожар предизвика милиони долари штета и уништи половина од градскиот центар“ – додаде тој.

Весникот „Албани тајмс јунион“ наведува дека три згради се целосно уништени, а 18 се оштетени.

„Ова е најголемата несреќа во историјата на овој град“ – заклучи Морс.

Гомес на судењето изјавил дека е невин.


Датум на објава: сабота, 02 декември 2017 во 09:32
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар