- Ние му го дадовме тој рок како разумна рамка за да има време да се подготви на таквиот чекор,  рече Богојески кој нагласи дека најважно од се е да се конципира прво нов статут на партијата кој нема да му дава неограничени права на идниот партиски лидер кој би можело да се бира два пати последователно со мандат од по четири години.

Богојески не ја исклучува можноста вонредниот конгрес за кој денеска во интервју најави Груевски, да е конгрес на кој би бил избран некој близок соработник на Груевски на кого, тој би му бил сенка, а како можна таква личност, Богојески го наведе актуелниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски. Но, сепак наведе, дека одлуката за конгресот ја градат партиските тела во кои има приврзаници на идејата и предлогот на реформаторите за одржување на еден слободен, демократски и обединителен конгрес. Идниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Богојески го гледа од редовите на партијата но, децидно не прецизира дали тој би бил од редовите на реформаторите.

Александар Пандов кој е член на ВМРО-ДПМНЕ но не активен, инаку поддржувач на политиките на актуелното раководство, рече дека се повеќе очекува целата оваа ситуација да резултура со организирање два конгреса, веројатно мислејќи на неможноста да се изгради единство во партијата. Тој рече дека не би прифатил да е член на партија или од повисоките партиски структури доколку со нив раководи крилото на реформаторите.  Богојески на Пандов му рече дека се што тој прогнозирал од летото наваму не се остварило а дека се што прогнозирале реформаторите, се остварило.

Погледнете ја целата дебата „Само Вистина“


Датум на објава: петок, 01 декември 2017 во 22:09
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар