„Едноставно знаете во што се впуштате“ – изјави за познатата “јавна тајна“ на Холивуд.

„Општо е познато дека одредени продуценти или лица во Холивуд треба да се избегнуваат приватно. Знаеш што те чека доколку отидеш сам со нив во хотелска соба“ – изјави Андерсон во интервјуто кај Меган Кели.

Памела која и претходно зборуваше за тоа дека била сексуално злоставувана, откри како додека била млада го користела “здравиот разум“ за да ги избегне непријатните ситуации со холивудските продуценти.

„Кога дојдов во Холивуд имав многу понуди за приватни аудиции и нешто што немаше никаква смисла. Се водев од здравиот разум и си зборував на себе – не оди во ничија хотелска соба сама. Доколку некој ја отвори вратата од гардеробата бегај! – изјави таа.

Кога Кели рекла дека многу од тие жени се намамени на состаноци со своите агенти или асистентки, Памела изјавила дека требало жените да инсистираат друго лице да биде со нив во собата“ – „Тоа не е добар изговор“.

Андерсон исто така раскажала дека вербално била нападната од Харви додека го снимале филмот „Superhero movie” во 2008 година. Како што изјави одбила да работи со дресирано куче поради протест поради третманот на животните на снимањето.

Кога го слушнал нејзиниот изговор, Харви станал бесен и почнал да и се заканува: Ти си Памела Андерсон и не заслужуваш ништо! Доколку ова не го направиш во овој град никогаш повеќе нема да работиш.

„Со никој во животот не сум зборувала на тој начин. Имав и лоши момци, но дури ни тие не ми се обраќаа на таков начин“ – призна Памела.

Харви Вајнстин и понатаму ги отфрла обвинувањата за сексуално злоставување и силување на многу жени од јавниот живот.


Датум на објава: петок, 01 декември 2017 во 16:05
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар