На натпреварот на суданскиот шампионат видена е непријатна сцена во текот на која навивачите на Ал-Хилал Омдурман изнесоа кореографија со ликот на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер и споменатиот натпис.

Контроверзната кореографија и транспаренти се отстранети после реакцијата на полицијата, а на клубот чии навивачи ја изнеле кореографијата му се заканува сериозна казна.

Натпреварот бил прекинат додека траел инцидентот, а играчите заминале во соблекувалните додека состојбата не се нормализирала.

Следува истрага која ќе ја спроведе групата Фудбал против расизам, а групата изрази згрозеност од потегот на навивачите, потег од кои се срами цела подсахарска Африка.

Датум на објава: петок, 01 декември 2017 во 12:42
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 13:00

коментари

остави коментар