Очекувано на првата позиција со неверојатна бројка на луѓе што ја следат од 130 милиони е младата музичка ѕвезда селена Гомез. Популарната пејачка веќе неколку години е лидер на листата на најпопуларни на Инстаграм.

Селена инаку на Инстаграм редовно објавува интимни фотки од својот живот  со пријателите и семејството.

На второто место е нејзината колешка , пејачката Аријана Гранде . Миленичката на тинејџерите  од целиот свет има армија од фанови која број 115 милиони.  Третото место на листата на најпопуларни на Инстаграм е резервирано за еден од најдобрите светски фудбалери асот на Реал Мадрид , Кристијано Роналдо со 115 милиони фанови, на четвртото и петото место се големите музички ѕвезди Бијонсе со 108 милиони и Тејлор Свифт со 104 милиони.

Идентичен број на фанови како Свифт  има и шестопласираната,  Ким Кардадшијан, зад мегапопуларната старлета е нејзината сестра Кајли Кардашијан со 99,6 милиони фанови.

Во топ десетте се и Двејн карпа Џонсон со 96,2 милиони, Џастин Бибер со 94,1 и Кендел Џенер со 85 милиони луѓе што ја следат на Инстаграм.

Датум на објава: петок, 01 декември 2017 во 10:05
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар