Ново, значително унапредено беспилотно возило ќе биде испратено на друга планета во склоп на мисијата Марс 2020, чија задача ќе биде да пронајде знаци на постоење микробиолошки живот.

Новиот ровер ќе биде наследник на роботското возило Кјуриозити 2012 кое се уште се наоѓа на Црвената планета.

Со помош на ултра моќни сензори со кое е опремен роверот  ќе може да се проучува на планетата, нејзината површина но и под површината. 
-Тоа што ќе го дознаеме на основ на примероците кои ќе бидат собрани во рамките на оваа мисија би требало да ни откријат дали сме сами во вселената, истакна Кен Фарли еден од научниците кој работи на проектот.

Новата технологија овозможува откривање на знаци на живот на основ на микроби. 

Датум на објава: петок, 01 декември 2017 во 09:29
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар