Во новото интервју за „Њујорк Тајмс“ магазинот, славниот рапер Џеј Зи откри ретки информации од својот приватен живот, а најмногу се осврна на брачната криза со Бијонсе, својата емоционална состојба и тешкотиите кои заедно ги пребродиле.

Иако низ своите песни зборуваше за емотивните проблеми, овој пат јавно ја призна прељубата, а најтешко му било кога ја видел болката на лицето на Бијонсе.

Foto: Getty

„Знаете повеќето луѓе заминуваат. Стапката на разводи е веројатно 50 отсто бидејќи луѓето не можат да се погледнат самите себе. Најтешко е да се види болката на нечие лице кое ти си го предизвикал и тогаш да се носиш со тоа“ – бил искрен Џеј Зи.

Иако гласините за неверството започнаа уште во 2013 година, албумот 4.44 кој раперот го издаде потврди дека во неговиот брак има проблеми. После извинувањето кое низ строфа им го упати на сопругата и децата, и Бијонсе во албумот „Лимонада“ ја спомна “Беки со добрата коса“, жената со која нејзиниот маж ја преварил.

Foto: Getty

„Музиакта беше наша терапија. Таа ни помогна да ги пребродиме тешките моменти“ – изјави и додаде дека навистина биле на работ на развод.

Денеска, парот успеа да ги надмине проблемите во бракот и се посреќни од било кога. Тие во 2012 година ја добија ќерката Блу Ајви, а пред пет месеци станаа родители на близнаците Руми и Сир.

Датум на објава: четврток, 30 ноември 2017 во 16:16
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар