- Од година во година, натпреварот зазема се поголем замав. Со него покажавме дека постојат многу способни и талентирани млади музичари од земјава и странство. Се надевам дека од нив подоцна ќе произлезат познати музичари кои ќе бидат гордост не само на општината, туку и надвор од неа. Честа и одговорноста да сме дел од овој процес на образование, воспитување и насочување на овие млади таленти е огромна. Нека победи најдобриот, рече Горан Јанев, директор на Основното општинско музичко балетско училиште “Лазо Мицев-Рале”.

Учесниците во натпреварот ќе ги покажат своите знаења во повеќе дисципини. Пијано четирирачно, состави со и без пијано, како и традициски состави.
Покровители на Фестивалот се кавадаречкиот градоначалник и Советот на општината Кавадарци. Јанев упати благодарност до нив за поддршката, како и до културниот дом, Музејот за храна и вкусови и други помагачи. 

Датум на објава: четврток, 30 ноември 2017 во 10:39
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар