Филмот, кој се натпреварува во категоријата дебитантски филмови, веќе распродаде две прикажувања. Според известувањето од режисерот Ставрески, публика имало и на скалите, а фановите на филмот барале да се фотографираат со екипата.

Интернационалниот филмски фестивал на Талин е основан 1997 година и е еден од најзначајните во Европа. Тој е еден од петнаесетте светски водечки фестивали акредитиран во А категорија,  заедно со Берлин, Кан, Венеција, Токио...

Во рамките на овој фестивал „Исцелител“ ќе биде прикажан и во Тарту - вториот по големина град во Естонија.

„Исцелител“ имаше голем успех уште на својата премиера на Солунскиот филмски фестивал пред дваесетина дена, каде ја освои наградата од публиката. Македонската премиера беше на фестивалот „Синедејс“, каде што, исто така,  по проекцијата филмската екипа беше поздравена со аплаузи од публиката. Позитивни оценки и реакции за првиот долгометражен игран филм на Ставрески има и од филсмките критичари и рецензенти.

Филмот сега се прикажува во кината Синеплекс и Милениум. /МИА

Датум на објава: среда, 29 ноември 2017 во 14:51
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар