Британската актерка Кадиан Боубл, која тврди дека Вајнстин ја присилувал на “сексуални услуги“ во текот на филмскиот фестивал во Кан 2014 година, поднела во понеделник обвинение против осрамотениот продуцент, неговиот брат Боб и Компанијата Вајнстин.

Во обвинението се наведува дека таа компанија ги прекршила законите за борба против трговијата со луѓе поради сексуално искористување (таканаречен секс трафикинг), со тоа што му “овозможила“ на Вајнстин патувања во текот на кои бил во прилика да регрутира или да намами актерки на принуден, присилен сексуален однос, на основ ветување дека ќе добијат улоги во филмови или други проекти.

Во обвинението се наведува дека на Ноубл од компанијата и е порачано “да биде добра девојка и да прави се што тој ќе посака“.

GettyImages






























Адвокатот Џеф Херман, во изјави за „USA Today” изјави дека верува дека наведените факти, изнесени во тужбите, потпаѓаат под американските сојузни закони, што значи дека тужбата може да биде поднесена и за случаи кои се случиле во странство во период од десет години.


Датум на објава: среда, 29 ноември 2017 во 12:36
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар