Принцот Хари во интервјуто вели дека веднаш се заљубил во Американската актерка Меган Меркл , што докажува дека ѕвездите им биле наклонети .

Тој најави дека ќе се венча со Меган на пролет следната година. Двајцата во интервјуто за ББЦ раскажуваат како се сретнале на ,, состанок на слепо “ и ниеден од нив не знаел кој е и што работи другиот.
Принцот верува дека ако неговата мајка , принцезата Дајана беше живе , со 36- годишната Меган ќе беа добри пријателки . И Меган е вклулена во хуманитарни акции , а воедно работи и како претставник на Обединетите нации .

По првата средба на слепо , Хари ја убедил Меган да одат во Боцвана , Африка во хуманитарна кампања. Таму кампувале и спиеле заедно под ведро небо.
Меган е малку разочарана од фактот што деновиве за неа најмногу се зборува дека мајка и е Афро Американка , но сепак е горда од каде потекнува .

Принцот Хари открива дека ја побарал Меган за жена за време на вечера во Кенсингтонската палата додека подготвувале печено пилешко.

Датум на објава: понеделник, 27 ноември 2017 во 20:33
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:55

коментари

остави коментар