Кралската резиденција соопшти дека принцот Хари ќе се жени со неговата избраничка, американската актерка Меган Маркл, со која веќе се свршил пред неколку недели.

Според најавите, свадбата ќе биде следната пролет, а двојката ќе живее во замокот Нотингем во Кенсингтон палас во Лондон.

„Пресреќен сум што можам да ја објавам нашата свршувачка. Добив благослов од семејството на Меган, изјавил Хари, кој е петти во редот за наследувањето на кралската круна.

Триесет и тригодишниот Хари е во врска со три години повозрасната американска актерка од ноември минатата година, но тие ретко се појавуваа во јавноста.

Датум на објава: понеделник, 27 ноември 2017 во 14:00
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар