Кривичното дело насилство на Томислав Лазаров му донесе условна затворска казна од шест месеци. Тој нема да биде зад решетки, доколку во рок од две години не стори ново кривично дело. Лазаров во судот ја призна вината и уште еднаш изрази каење. Вети дека нема да стори друго кривично дело.


И Специјалното обвинителство нема да поднесе жалба. Бидејќи нема да има жалби до Апелациониот суд, пресудата за Лазаров е изречена.

- Тоа не само што е од значење за оваа постапка, туку е од значење и за самиот обвинет кој има право на избор на видот и висината на казната. Се работи за високообразован семеен човек, татко на две деца кој досега не е осудуван и против него не се води друга постапка. Станува збор за партиски кадар кој е впрегнат во интересите на највисокото раководство на партијата, истакна Фетаи.
Томислав Лазаров е четвртообвинет во случајот „Насилства во Центар“. За време на насилните протести Лазаров беше претседател на општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ во Центар.

Во случајот на СЈО за „шамарите“ во Центар обвинети се поранешниот премиер, а лидер на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски, екс министерот за транспорт Миле Јанакиески, меѓу другите и пратеничката Даниела Рангелова. Судскиот процес продолжува во среда. 

Датум на објава: петок, 24 ноември 2017 во 13:31
Игор Стефановски
Обновено во: 15:16

коментари

остави коментар