Научниците  изјавија дека во парчиња од грнчарија стара 8000 години се пронајдени остатоци од вино, што е историско откритие , бидејќи е доказ дека уште од многу одамна се прави ваков пијалак.

На садовите од времето на Неолитот се гледаат украси во облик на грозд и маж како игра.

Според ББЦ остатоци од винска мешавина се пронајдени на две локации јужно од Тбилиси.

Претходно пронајдените докази, грнчарија пронајдена во Иран,  укажуваа дека вино се правело пред околу 7000 години.

Садовите направени од глина се пронајдени во две села од времето на неолитот  кој се наоѓаат на 50 километри јужно од Тбилиси.

Датум на објава: вторник, 14 ноември 2017 во 21:15
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар