Ахмети и Амбасадорот Гарет разговараа околу политичката ситуација, систематските реформи и Евроатлантските интеграции.

Претседателот Ахмети ги повтори приоритетните определби на ДУИ во ова парламентарно мнозинство, каде спаѓаат системските реформи, особено владеењето на правото, добрососедство, интеграцијата во НАТО и отворање на разговорите за членство во Европската Унија.

ДУИ особено е посветена за судските реформи и реформите на безбедносниот систем, со што се истакна дека по локалните избори, сите наши енергии ќе се фокусираат на исполнувањето на обврските пред нас.

Г.Ахмети и амбасадорот Гарет исто така, разговараа и за интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ, додека Ахмети се изрази поттикнат од унапредувањето на дијалогот со Атина и Софија што претставува предуслов за деблокирање на интегративниот процес на нашата земја.

Датум на објава: вторник, 14 ноември 2017 во 19:28
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар