Седницата, како што најави претседателот на Собранието Талат Џафери, ќе продолжи утре напладне кога се очекува пратениците да гласаат за Предлог-законот, по што народните избраници ќе можат да поднесуваат амандамни по текстот.
За време на денешната расправа владејачкото мнозинство порача дека навлегуваме во фаза на градење доверба меѓу заедниците. Сакаме подобар систем, подобри закони, подобар живот за сите.

- Да испратиме порака дека Собранието ќе им ги гарантира сите права на граѓаните, независно од кој етникум доаѓаат и на кој јазик зборуваат, порачаа пратениците од владејачкото мнозинство.. 

Опозицијата и во последните реплики пред завршувањето на расправата повторно го искажа ставот дека законот е неуставен, дека нема да биде применлив и дека ќе резултира со дополнителни фрустрации кај граѓаните.

Решението, како што истакнаа претходно пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, е набрзина предложено и е со европско знаме, што предизвика дополнителен сомнеж и страв кај дел од јавноста. Затоа, во втората фаза треба да се надгради со елементи кои дополнително ќе ги засилат граѓанскиот и мултиетничкиот карактер на државата.

Собранието по завршувањето на расправата за Предлог - законот на законот за употреба на јазиците, во прво читање ја продолжи работата по 12. седница на која на дневен ред се закони од опозицијата и одлуката за утврдување на бројот на потпретседатели на Собранието.

Датум на објава: вторник, 14 ноември 2017 во 16:01
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 17:38

коментари

остави коментар