12 отсто од населението во Македонија има дијабетес.

Во моментов има инсулин, објаснуваат од здружението на дијабетичари, ти веруваат дека инсулинот е со добар квалитет. Заменик министерот за здравство објасни дека ќе се испитува досегашниот квалитет на инсулинот.

Светскиот ден на дијабетес е посветен на жените. Посебно треба внимателни да бидат жените во бременоста. Неконтролиран шеќер може да биде опасен по нивното здравје.

Од здруженијата на пациенти бараат итни мерки и одржливи долгорочни стратегии за справување со зголемувањето на бројот на болни со дијабетес.


Датум на објава: вторник, 14 ноември 2017 во 14:33
Мирјана Мирчевска Јовановиќ
Обновено во: 15:10

коментари

остави коментар