Владината коалиција, рекол Заев, по локалните избори има обврска што е можно побргу да ги продолжи започнатите реформски процеси.

„Настојуваме пред нашиот парламент да настапиме со издржани и важни реформски закони во многу области за кои очекуваме и ќе стимулираме широка поддршка од политичките сили внатре во парламентот. Наша определба е и да ја зајакнеме улогата на парламентот после политичката криза и да ја вратиме довербата во институциите“, истакнал претседателот на македонската Влада на средбата“,  нагласи премиерот Заев.

Според Пахор, Словенија внимателно ја следи и одобрува добрососедската политика на Македонија, како еден од условите за влез во евроатлантските организации и нагласил дека неговата земја останува силен поддржувач на Македонија.

Премиерот на средба и’ со претседателот на Државниот збор на словенија, Милан Брглез. Пренесувајќи му поздрави од неговиот колега Талат Џафери, Заев истакнал дека македонското собрание е подготвено да ја продолжи соработката со словенечкиот Збор.

На средба со словенечките стопанственици премиерот Заев нагласил дека Владата е подготвена да учествува во субвенционирање на гринфилд и браунфилд инвестиции кои ќе отворат нови работни места, ќе соработуваат со македонските компании и ќе бидат извозно ориентирани, но и еколошки чисти индустрии. 


Датум на објава: вторник, 14 ноември 2017 во 14:24
Јулијана Николовска
Обновено во: 15:12

коментари

остави коментар