Кражбата ја извршиле преку тунел ископан под банката.

Тие два месеци копале тунел и ископаната земја ја ставале на празна површина во близина на продавница што ја изнајмиле шест месеци порано.

Тајмс од Индија објави дека ограбувачите ископале тунел под банката и така влегле во собата со сефови од каде биле земени парите и златото.

Како што соопшти полицијата, ограбувачите ископале тунел долг 12 метри и еден метар широк.

Грабежот за кој се претпоставува дека е изведен во текот на викендот е пријавен од вработените во банката кога во понеделникот дошле на работа.

Полициски извори наведуваат дека крадците пред шест месеци ја изнајмиле продавницата во близина на банката за да го извршат грабежот.

Датум на објава: вторник, 14 ноември 2017 во 13:27
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар