Во рамки на програмата ќе има повеќе претстави, чија изведба денеска почнува во 11 часот.

На фестивалот ќе учествуваат аматерски актерски групи од Македонија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Хрватска и други. Во рамки на програмата претставите утре ќе почнат во 10:30 часот и ќе бидат од натпреварувачки карактер, а на 16 ноември напладне во Македонскиот народен театар во ревијалниот дел ќе бидат доделени награди.

Ова е единствен фестивал од ваков вид на Балканот и е проследен со другарување и размена на искуства. Овие активности имаат за цел да ја зголемат инклузијата на лицата со инвалидност со други лица во културни активности, тие да ја имаат можноста полесно и активно да се вклучат во општеството и заедницата, да им се отворат портите за креативно изразување, да се негува нивниот потенцијал и да се унапреди нивниот квалитет на живот. /МИА

коментари

остави коментар