Рослин Кориган имала само 16 години кога се сликала заедно со своите родители со претседателот Буш . Тоа се случило во 2003 – тата на прослава на вработените во ЦИА во Тексас . 16 – годишната девојка се фотографирала со претседателот Буш заедно со нејзините родители кои работеле како разузнавачи . Таа наеднаш почуствувала како поранешниот претседател , кој тогаш не седел во инвалидска количка , ја стиска одзади .  Ја отворила устата , погледнала кон мајка си , но не можела ништо да каже , свесна дека немало кој да и поверува.

Прес службата на Буш во изминатите денови безброј пати им се извини на жените кои на ист начин биле нападнати од Буш постариот , кој има 93 години .

Објаснија дека тој е последните неколку години прикован за инвалидска количка и оти е пониско поставен од лицата кои стојат додека се фотографираат со него. 

Датум на објава: понеделник, 13 ноември 2017 во 20:29
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар