Снегот и силната бура со ветар предизвикаа големи проблеми во сообраќајот во Словенија , особено на патните правци од Љубљана кон Копар.

Силниот снег , што ги зафати приморските делови на државата предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија . На излезот од Љубљана кон Копар е формирана 15 – километарска колона , а сообраќајот со камиони е забранет на сите патни правци .

Коловози прекриени со снег и инциденти се случиле и на подрачјето на Нова Горица, Цеље и Марибор . Метеоролозите најавуваат дека снегот набргу ќе се стопи и оти ќе нема нови наноси . 

Датум на објава: понеделник, 13 ноември 2017 во 19:58
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 19:58

коментари

остави коментар