Целта на одбранбениот акт, според најавите, е да се намали зависноста на Европа од САД и да и дадат на унијата покохерентна улога во соочувањето со меѓународните кризи. За нас од посебна важност, особено по изборот на Американскиот претседател Трамп, е да изградиме самостојност.

,,Мораме да бидеме оперативни во случај на избивање криза во нашето соседство", изјави Германската министерка за одбрана, Урсула Фон Дер Лајен.

Кон договорот не се приклучија Велика Британија и Данска, кои не учествуваат во прашањата од сферата на одбраната, како и Ирска, Малта и Португалија, кои во последен момент решија да не го потпишат документот.

Датум на објава: понеделник, 13 ноември 2017 во 17:08
Гоце Герасимовски
Обновено во: 17:08

коментари

остави коментар