Oд Друштвото соопштија дека низ конструктивна атмосфера се дискутирало за проблемите во македонскиот филм и за начинот како тие да се надминат. Била формирана работна група која ќе ги сублимира забелешките за постојниот Закон за филмска дејност и на наредната средба тие ќе бидат подготвени во форма на предлог до Министерството за култура.

В.д. директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија ги запознал присутните за лошата состојба во која се наоѓа институцијата и неговите размислувањa за начинот на кој тој ќе раководи со неа.

Од присутните била искажана поддршка за погледите и насоките што тој има намера да ги спроведе. Било изразено задоволство што за прв пат на чело на најважната филмска институција е поставен човек од фелата со кој може отворено и транспарентно да се дискутира за проблемите во филмската дејност. /МИА

Датум на објава: понеделник, 13 ноември 2017 во 16:41
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар