Неколку стотици загинати, речиси шест илјади повредени е билансот на жртви, кој постојано расте. Потресот од 7,3 рихтерови степени цели 20 секунди синоќа ја тресеше пограничната област со Ирак во 9 часот и 20 минути по локално со епицентар во провинцијата Халабџа. Илјадници луѓе се без струја, а на најмалку 70 илјади итно им е потребно засолниште. Дел од болниците се уништени и немаат капацитет да ги примат повредените.

- Беше многу силен. Се се тресеше. Успеавме некако да излеземе од дома, изјави жител на Иран.
- Стаклата се распрснаа насекаде. Повреден сум на главата и рацете, вели жител на Иран.
- Паднав од балконот. Се се случи многу брзо, вели жител на Иран.

Информациите тешко стигнуваат од соседен Ирачки Курдистан, кој досега пријави само 10-ина жртви, иако регионот е густо населен и претежно граден со куќи од камења и од кал. Како 7 рихтерови степени изгледаа во главниот град Сулејманија можеше да се види од разговорот помеѓу двајца ирачки колеги новинари. 

Забележувам дека таму во Сулејманија има земјотрес, вели новинар на курдска телевизија.
- Да, има земјотрес. Ќе ми простите, јас ќе морам да си заминам, вели дописник од Сулејманија.

Турција веќе испрати три илјади шатори и 10 илјади кревети во Ирак. Потресот, кој бил на длабочина од 20-ина километри се почувствувал и во Турција, Израел и во Кувајт. Иран е сеизмички активно подрачје. Во 2003-та во земјотрес од 6,6 рихтерови степени загинаа 30 илјади луѓе.

Земјотресот траел 20 секунди и бил почувствуван и во Турција, Израел и Кувајт.

Силни земјотреси, со интензитет од 5,9 и 6,5 степени по Рихтер беа регистрирани и во Јапонија и во Костарика, но засега нема информации за загинати.  


Датум на објава: понеделник, 13 ноември 2017 во 14:10
Гоце Герасимовски
Обновено во: 14:49

коментари

остави коментар