Ќерката на Мајуко Мацумото го пронашла телото на својата мајка покрај креветот, а на нејзиното лице имало повеќе од 20 гребнатинки. Откако ги виделе нејзините повреди, од кои некои биле многу сериозни, полицијата започнала истрага.

Мацумото (82) не можела да зборува и добивала медицинска нега, а истражителите не пронашле никаков знак дека некој влегол во куќата за време на нападот.

Тој сфатиле дека нејзините рани изгледаат како гребнатинки кои ги прават мачките. Полицијата потоа ги испитала уличните мачки, а кај една од нив пронашла траги од човечка крв. Сепак, во јавноста се уште не е објавено дали тоа е крвта на Мајуко Мацумото.

Датум на објава: понеделник, 13 ноември 2017 во 12:49
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар