Во перспектива, тоа што е дел од олигархијата во ЕУ, но и не само во ЕУ, сака создавање на уште еден центар на воена моќ. Европската војска е почетниот чекор во создавањето на европски федерални држави, што сакаат Франција и Германија, наведува тој портал.

Како што пренесува „Ројтерс“, потпишувањето на Договорот за постојана структурна соработка (PESKO) го промовираат Франција и Германија.

После повеќегодишно намалување на трошоците во Европа и ослонувањето на САД преку НАТО, Франција и Германија се надеваат дека овој договор ќе ги обедини нациите во цврста одбранбена соработка, која подразбира војска и оружје.

Покрај Франција и Германија, досега Италија, Шпанија и уште околу 16 земји од ЕУ ветиле дека ќе се приклучат на пактот, кој официјално би можел да стапи на сила во декември, кога ќе се состанат лидерите на ЕУ.

Велика Британија, која има намера да ја напушти Унијата откако е одржан референдумот за „Брегзит“ во 2016 година, нема да учествува во договорот, додава „Ројтерс“ повикувајќи се на наводите на официјални претставници кои оваа агенција не ги именува.

Велика Британија долго време се обидуваше да ја сопре соработката на ЕУ во областа на одбраната, сметајќи дека тоа ќе доведе до формирање на војска на ЕУ.

Западноевропската унија, воениот сојуз основан 1948 година, како претходница на НАТО, престана да постои со стапувањето на сила на Лисабонскиот договор. Овој договор е укинат во 2010 година, а организацијата престана со работа наредната година.

Датум на објава: понеделник, 13 ноември 2017 во 12:34
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар