Најголем дел од жртвите, дури 300,  се регистрирани во западната иранска провинција Кеманшах.

Ирачките власти засега соопштуваат за 10-ина жртви на нивна територија. Бројот на загинати се очекува да расте, зашто според извештаите, има многу затрупани луѓе по кои се трага. На околу 70 илјади луѓе им е потребно засолниште.

Уништени или оштетени се стотици куќи, а илјадници луѓе се без струја.

Епицентарот на потресот бил во близина на ирачкиот град Халабџа во ирачкиот дел на Курдистан.

Земјотресот траел 20 секунди и бил почувствуван и во Турција, Израел и Кувајт.




Датум на објава: понеделник, 13 ноември 2017 во 08:36
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 10:46

коментари

остави коментар