- Висар Ганиу ќе биде отворен со сите и во иднина ќе работиме заедно да ја предвижиме нашата општина кон вистинскиот пат, рече Ганиу.

Шефот на изборниот штаб на ДУИ во Чаир, Бујар Османи, му ја честиташе победата на Ганиу потенцирајќи дека „со тоа покажавме дека сме пример за тоа како да направиме достоинствена кампања и да го вратиме резултатот".

- Излеговме со најдобар можен кандидат во Чаир, најсериозна програма и ова граѓаните го препознале и процениле, додаде Османи, повикувајќи ги сите насобрани граѓани на мирен и достоинствен начин да го завршат овој изборен ден.

Според првичните резултати на Ддржавната изборна комисија, на денешното гласање во ИМ 2901 каде се прегласуваше за Локалните избори за Ганиу гласале 169 лица, а за неговиот противкандидат Зеќирија Ибрахими од Движењето БЕСА 98.

Од вкупно 719 избирачи на ИМ 2901, кое беше единственото каде се прегласуваше за вториот круг од Локалните избори, денеска гласале 272, односно излезноста е 37,83 проценти.

По вториот круг на Локалните избори, Управниот суд, по жалбата на БЕСА, донесе одлука за повторување на гласањето на ова избирачко место. /МИА

коментари

остави коментар