Според последните информации од Државната изборна комисија, до  до 17 часот од вкупно запишани 719 избирачи на гласање излегле 251, односно 34,9 отсто.

Првичните резултати од гласањето  по електронски пат ДИК ќе ги објави на веб-странцата rezultati.sec.mk по 19 часот откако ќе бидат завршени броењето и сумирањето на гласовите.

По вториот круг на изборите Управниот суд, по жалбата на БЕСА, донесе одлука за повторување на гласањето на ова избирачко место.

Разликата во Чаир меѓу Висар Ганиу од ДУИ и Зекирија Ибраими од БЕСА во вториот круг беше 209 гласа, а на избирачкото место 2901 разликата е 66 гласа во корист на БЕСА.

Ова е единственото прегласување на шестите локални избори во Македонија кои се одржаа во два круга на 15 и на 29 октомври. /МИА

коментари

остави коментар