Портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска на прес-конференција информира  дека до 17 часот од вкупо запишани 719 избирачи на гласање излегле 251, односно 34,9 отсто.

Првичните резултати од гласањето, како што посочи Гугучевска, ДИК ќе ги објави на веб-странцата rezultati.sec.mk по 19 часот откао ќе бидe завршени броењето и сумирањето на гласовите.

Таа потсети дека запишаните избирачи од Избирачкото место 2901 и денеска имаат можност доколку е повредено нивното избирачко право да достават приговор до ДИК  во рок од 24 часа и соопшти дека до сега до ДИК не е доставен ниту еден ваков приговор.

На граѓаните, како што рече, на располагање и денеска им стои бесплатната телефонска линија на ДИК за пријавување на непрвилности 0800 555 44.

На ИМ 2901 вкупно се запишани 719 избирачи. Вчера, ден пред повторувањето на гласањето од вториот круг на Локалните избори на избирачко место 2901 во општина Чаир  гласаа болните и изнемоштени лица. Од пријавени три лица правото на гласање вчера го оствариле двајца гласачи.

Управниот суд, по жалбата на БЕСА, донесе одлука за повторување на гласањето на ова избирачко место.

Разликата во Чаир меѓу Висар Ганиу од ДУИ и Зекирија Ибраими од БЕСА во вториот круг беше 209 гласа, а на избирачкото место 2901 разликата е 66 гласа во корист на БЕСА.

Ова е единственото прегласување на шестите локални избори во Македонија кои се одржаа во два круга на 15 и на 29 октомври. /МИА

коментари

остави коментар