Прв пат кралицата дозволи друг човек да ја изврши таа должност иако беше на свеченоста, но ја следеше од балконот на министерството за надворешни работи со својот сопруг принцот Филип.

Принцовите Вилијам и Хари потоа положија венци на меморијалот Вајтхол, во средиштето на британската престолнина. Потоа пред жртвите се поклонија и премиерката Тереза Меј и шефот на опозицијата Џереми Корбејн и претставници на Комонвелтот.

Сите претходно оддадоа чест со минута молчење.
Во текот на 65 години на власт, кралицата само шест пати не учествувала во тие свечености, два пати за време на бременст и четири пати кога била во странство.

Портпаролката на Бакингамската палата рече дека кралицата сака да биде покрај војводата од Единбург, а тој ќе биде на балконот. Принцот Филип се пензионира во август на возраст од 95 години.

Денот на сеќавање на жртвите од војната се одбележува секоја година во недела најблиску до 11 ноември.

Повеќе од милион Британци настрадале во битките од Првата светска војна.

Датум на објава: недела, 12 ноември 2017 во 17:12
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар