Конкретно затоа што доаѓал на работа порано за да ја подготви продавницата за отворање.

Работникот се обратил до суд и бара да му се врати работата.

Како што пренесува весникот „Ел Паис“, вредниот работник Жан П., доаѓал на работа еден час порано пред почетокот на смената и “почнувал да ја подготвува продавницата за отворање“.

Во одлуката за отказот е наведено дека “многу сериозно ги прекршил правилата за работа“, бидејќи Жан, без да се впише дека дошол на работа, “правел нарачки, менувал цени или пополнувал палети со производи“.

Каталонската филијала на германскиот ланец на супермаркети навела дека на снимките од безбедносните камери од април се гледа како вредниот работник влегува во пет часот наутро и поминува “меѓу 48 и 49 минути“ работејќи, а притоа не се впишувал дека пристигнал на работното место.

Така работникот ги прекршил строгите правила на трговскиот ланец кои се однесуваат на плаќањето на вработените за секоја минута која работеле и правилното пријавување на часовите поминати на работатата, пренесува порталот thelocal.es.

Отпуштениот работник ја тужел фирмата на суд со образложение дека неправедно останал без работа и бара да го вратат назад.

Жан П. Наведува дека не барал и другите работници да доаѓаат порано на работа, дека никогаш не му било речено дека треба да бара дозвола за порано да дојде на работа и оти тоа го правел поради зошто било потребно додатно време за продавницата да се подготви.

Датум на објава: сабота, 11 ноември 2017 во 09:55
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар