Кенеди е убиен во Далас 1963 година, а истиот ден Фидел Кастро преживеал обид на ЦИА да го убие со смртоносно хемиско пенкало, тврди „Индепендент“. Иронично, Кастро го надживеа својот американски ривал за повеќе од пет децении.

Во новите доверливи документи кои протекоа во јавноста поврзани за расветлувањето на убиството на Џон Кенеди, се наведуваат и плановите на ЦИА за убиство на Фидел Кастро.

Така во документот се нашол и податокот дека на 22 ноември 1963 година, агент на ЦИА донел во Париз во пенкало во која се наоѓал инјекција полна со отров. Во меѓувреме, од другата страна на светот се одвивала една од најголемите политички трагедии.

„Доказите покажуваат дека состанокот е одложен бидејќи во тој момент е застрелан Џон Кенеди“ – стои во документите.

foto: getty

Инаку, ова е само еден од обидите за атентат врз Фидел Кастро бидејќи во друг документ од 1967 година, под името „Извештај за обид за атентат врз Фидел Кастро“, се наведува дека Џон Кенеди бил опседнат со идејата да го убие.

„Не можеме да збориме за степен на одговорност на службениците во Агенцијата која дефинитивно била под притисок на администрацијата на Кенеди да направи нешто против Фидел Кастро и неговиот режим“.

Меѓу другите сценарија биле и оние Фидел да испие отровни таблети, потоа да облече отровно одело за нуркање. Во план било и труење на воздухот во просториите кои Кастро ги користел, но и подметнување отров во неговите омилени цигари кои би го дезориентирале и понижиле во текот на јавните говори.

Во документите се наведува дека малку требало ЦИА да одобри и крвопролевање како средство за ликвидација на Фидел Кастро, па се нудени парични награди за убивање на кубански комунисти, како дел од напорите да се “изврши притисок на нив создавајќи недоверба и нееднаквост“.

Предложените награди биле околу 100.000 долари за убиство на владин службеник.

Датум на објава: петок, 10 ноември 2017 во 18:50
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 21:16

коментари

остави коментар